Беше пример за добрина, љубов, пријателство, замина многу млад – Хрватска тагува по еден од најбараните модели во светот

Пријателите на прерано починатиот хрватски манекен Патрик Цветко кој имаше само 29 години не можат да се соземат од шокот дека Патрик го нема повеќе. Тие се простуваат од него со трогателни пораки во кои велат дека момчето било пример за добрина, љубов, пријателство и инспирација за другите.

Патрик почина ненадејно – хрватските медиуми јавуваат дека добил епилептичен напад кој завршил фатално.

Advertisements

Висок 185 сантиметри, со руса коса и сини очи, Патрик според многумина беше еден од најбараните балкански модели во светот.

Пријателите откриваат и дека Патрик имал огромен талент за фотографија, но бил успешен и како диџеј.

Тој израснал во Загреб и покрај сите предиспозиции за манекенството, тој повик никогаш не бил особено привлечен за него. Но, неговата сестра била решена да го лансира својот брат во светот на моделството. Многу брзо згодниот тинејџер бил забележан надвор од границите на Хрватска и следеле понуди, потсетува Јутарњи лист.

Впечатливото русокосо момче во последните години живееше меѓу Загреб и Лос Анџелес, откако беше забележан и брзо земен под договор од страна на една од најпознатите светски модни агенции, Two Model Management, но Парик имаше и договор со престижната агенција IMG Models. со седиште во Лос Анџелес..

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Patrik Cvetko (@patrikcvetko)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Patrik Cvetko (@patrikcvetko)