Добро утро на сите, Џулс и јас повторно се венчавме! Да, по 23 години заедно, мислевме дека е подобро да го обновиме бракот пред децата да почнат да го напуштаат семејното гнездо, објави Џејми Оливер, светски познатиот готвач на социјалните мрежи.
Тој сподели фотографии од плажата, каде што се одржала свадбената церемонија, а младенците можат да се видат како танцуваат покрај брегот на морето на Малдивите, пренесе „Мирор“.
„Отсекогаш сонувавме да одиме на Малдиви и беше исто како што би сонувале, едноставно неверојатно! голема благодарност до целиот тим во Сонева што ни го разнесе умот и го направија овој момент толку посебен и незаборавен“, напиша Џејми.
Advertisements
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Време е да се приземји во депонија: владиниот авион е старудија, ни потрошил 3,5 милиони е...
Уште шест дена до Винодонија 2024 – вкусете го најдоброто од винскиот свет!
Меѓународната заедница да ги заштити новинарите - Репортери без граници бараат истрага за ...
Хрватска: По 80 евра за сите пензионери пред Божик
Нема да има промени во евтината тарифа за струја до пролет