Убавината ѝ ги отвори вратите на кариерата, но не и во љубовта – Кристл од „Династија“

Американската актерка Линда Еванс денеска го прослави својот 80-ти роденден – живот исполнет со подеми и падови – на професионален план таа ги оствари речиси сите нејзини соништа, додека во личниот живот среќата не ја следеше.

Таа е родена во главниот град на американската сојузна држава Конектикат, а пред камерите се појавила уште пред да стане полнолетна. Нејзините родители, кои биле професионални танчери, се преселиле во Холивуд кога Линда имала само шест месеци.

Advertisements

Линда била многу срамежлива, па нејзините родители инсистирале таа да се запише на часови по глума за, како што рекле, „да излезе од својата школка“. Веќе една година подоцна Линда се појави во телевизиска реклама, а кога наполни 18 години глумеше во серијата „Ерген татко“ во која главната улога му припадна на Џон Форсајт.

Овој актер во голема мера ќе ја одбележи кариерата на Линда. Освен серијата „Татко ерген“, двајцата ќе ја играат и најпознатата телевизиска брачна двојка од деведесеттите во сапуницата „Династија“.

Во 1968 година, Линда се омажи за нејзиниот колега и филмски продуцент Џон Дерек, кој толку многу го плени нејзината убавина што ја поттикна да позира за Плејбој.

Висока, витка и елегантна, Линда Еванс никаде не можеше да остане незабележана. Нејзината убавина и ги отвори вратите кон успешна кариера, но тоа не ѝ донесе среќа во љубовниот живот.

Линда се разведе од својот прв сопруг во 1974 година, а две години подоцна реши повторно да ја испроба брачната среќа со Стен Херман. Тие се забавуваа една година пред да стапат во брак, но се разведоа во 1981 година.

И на нешто позрела возраст, Линда го избра грчкиот музичар Јани, но нивната љубовна приказна не траеше – се разведе и од музичарот.