Не се качувај сама во лифт со Пласидо Доминго – оперскиот пејач сексуално вознемирувал колешка

Шпанска пејачка во ТВ-програма што се емитуваше во неделата вечерта го обвини оперскиот пејач Пласидо Доминго за сексуално вознемирување.

Неидентификувана пејачка на шпанскиот телевизиски канал „Ла Секста“ се појави како темна фигура и раскажа дека пред 20 години Доминго сакал да ја допира во театар во Шпанија, а се обидел и да ја бакне во друга прилика.

Advertisements

„Една од првите работи што ти ја кажуваат е да не се качуваш во лифт сама со Пласидо Доминго“, изјави жената за ТВ-каналот „Ла Секста“.

Таа раскажа како Доминго наводно побарал да ја допира по проба во театарот.

Претставниците на Доминго не одговорија на барањето за коментар.

Ова ново обвинување доаѓа речиси по три години откако во истрагата од 2020 година, повеќе од триесетина пејачки, танчарки, музичарки, професори по пеење и персонал зад сцената рекоа дека биле сведоци или доживеале несоодветно однесување на Доминго (83) во текот на три децении. Доминго не призна никаква вина.

Истрагата од 2020 година на Американското здружение на музичките уметници (AGMA) заклучи дека Доминго се однесувал непримерно.