Познатиот хрватски пејач Масимо Савиќ (60) почина во Загреб, а тажната вест ја потврдија и од Aquarius Records, пренесуваат хрватските медиуми.
Савиќ починал во болницата во Виноград каде се лекувал од рак на белите дробови, пишува Јутарњи лист.
Сопругата Ени и ќерката Мирна се простија од Масимо со емотивна објава на социјалните мрежи.
– Татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ, не напушти по кратка, но херојска борба. Иако го напушти овој свет, вечно ќе живее во нашите души; насмеан, топол, силен, полн со љубов и исткаен од уметност. Ние ќе бидеме твои девојки засекогаш. Ани и Мирна – стои во нивното соопштение.