Природно и биоразградливо: Дали морските алги можат да ја заменат пластиката?

Повеќе од шест милијарди тони нетретиран пластичен отпад моментално се фрлаат на улиците и ги полнат морињата. Само шест отсто од целокупната пластика некогаш произведена се рециклира, а 12 отсто се согорува.

Основачите на лондонскиот стартап Notpla веруваат дека го имаат одговорот. Пјер Паслие и Родриго Гарсија Гонзалес најдоа, како што веруваат, решение во морето. Нивната пластична алтернатива е направена од алги и растенија.

Advertisements

Тоа е целосно природно, целосно биоразградливо и може да се користи за правење разновидни пакувања.

„Се започна со мали експерименти во нашата кујна, каде покрај вкусот ги испитувавме својствата на различни растенија. На крајот наидовме на алги и откривме дека е навистина интересен материјал. Така се роди идејата“, вели Паслије.

Досега, алгите имале неколку испитувања. Тие беа користени како шишиња за освежување за тркачите на маратонот во Лондон. Сепак, доказот дека оваа идеја е реална се покажа во милион кутии кои се користеа како пакување за готова храна.

Овие двајца млади веруваат дека алгите имаат потенцијал да заменат над 100 милиони пластични садови во Европа во иднина.

За разлика од пластиката, морските алги го впиваат јаглеродот дваесет пати побрзо од дрвјата, а нивните фарми ја зголемуваат популацијата на рибите.

Основачите на Notpla неодамна освоија награда Earthshot во категоријата „Изгради свет без отпад“.

Натпреварот кој го организираше британскиот принц Вилијам, а како награда добија милион фунти (1,2 милиони евра) за да продолжи.