(ВИДЕО) Ако не сте подготвени да бидете „преплашени со денови“, не го гледајте „најстрашниот филм кој некогаш е снимен“

Новиот експериментален хорор филм на канадскиот режисер Кајл Едвард Бол „Скинамаринк“ (Skinamarink) беше опишан од многу гледачи како „најстрашниот филм кој некогаш е снимен“, а некои признаа дека биле „преплашени со денови“ откако го гледале и повторно почнале да се „плашат од темнината како додека биле деца“.

Снимањето на „Скинамаринк“ чинело околу 15.000 долари, а веќе заработи неверојатни 1,5 милиони долари на киноблагајните. Во главните улоги се Лукас Пол и Дали Роуз Тетро во улогата на братот и сестрата Кевин и Кејли. Хоророт беше премиерно прикажан на 13 јануари 2023 година и моментално сè уште се игра во кината, но може да се гледа и на веб-страницата Shudder.

Advertisements

Бројни светски медиуми ги објавија своите критики за „Скинамаринк“. „Индепендент“ го опишува филмот како „кошмар“, објаснувајќи дека создава „атмосфера на ужас“, додека „Инверс“ го нарече „најстрашниот филм на сите времиња“, опишувајќи го како „злобна приказна што ќе се гледа долго време “.

Според „Вариети“, филмот е „неспоредлив со кој било друг хорор филм досега направен“. „Вултур“ напиша дека „наместо стандардно раскажување приказни, „Скинамаринк“ се обидува да создаде чувство на страв“. „Њујорк тајмс“ наведе дека „експерименталниот и агресивно неразбирлив хорор филм плени со својот недостаток на акција“.

Филмот следи две деца, четиригодишниот Кевин и шестгодишната Кејли, кои се будат среде ноќ за да откријат дека нивните родители ги нема и дека прозорците и вратите во нивниот дом ги нема. За да се справат со чудната ситуација носат перници и ќебиња во дневната соба и се сместуваат таму.

Потоа гледаат цртани за да се забавуваат и да го одвлечат вниманието од застрашувачката и необјаснива ситуација. “Цело време се надеваат дека на крајот некој од возрасните ќе дојде да ги спаси. Сепак, по некое време станува јасно дека нешто ги чува”, стои во описот на филмот.

За време од еден час и 40 минути хорор, во куќата почнуваат да се случуваат чудни и застрашувачки работи – мебелот исчезнува и повторно се појавува, играчките се движат сами, а децата почнуваат да слушаат гласови. Наскоро им зборува морничав глас, кој му наредува на Кевин да си го пресече окото со нож и му кажува дека на Кејли и ја одзел устата затоа што не постапила како што ѝ било кажано.

Пред да го направи „Скинамаринк“, режисерот Бол беше популарен креатор на YouTube кој снима кратки филмови базирани на кошмари што неговите следбеници ги опишаа во делот за коментари на неговите видеа.

Врз основа на постојан сон што го сонувал, тој го снимил филмот во неговиот дом од детството во Едмонтон, Канада, користејќи стари камери позајмени од локална филмска организација, а целиот процес траел само седум дена.