По гласањето на жирито и публиката во евровизиската сала во Ливерпул, беше објавено дека Лорин, претставничката на Шведска, е победничка на годинешниот избор за песна на Евровизија со песната „Тетоважа“.
Лорин на својата земја и донесе најмногу поени од гласањето на националните жирија вкупно 340, а од публиката освои 243.
Лорин и според прогнозите на обложувалниците цело време беше фаворит. Таа со песната „Тетоважа“ веднаш ја освои публикат која со овации и силен аплауз го проследи нејзиниот настап.
Advertisements
Лорин, нам ни е позната по победата со песната „Еуфорија“ во 2012 година, која беше една од најслушаните песни во историјата на ова натпреварување.