Агелер: Избраните функционери да ги направат сите измени кои ќе го отворат пристапниот пат кон ЕУ

Избраните функционери да ги направат сите можни измени кои ќе овозможат отворање на пристапниот пат кон ЕУ, порача американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер, одговарајќи на новинарско прашање во врска со уставните измени, како еден од условите за продолжување на пристапните преговори со ЕУ.

„Како што знаете САД, и ова го повторивме многупати досега, го поддржуваме придвижувањето кон евроатлантската интеграција како една долгорочна цел на оваа земја и сме неверојатно задоволни од пристапувањето во НАТО и веруваме дека пристапувањето во Европската Унија е од клучно значење и ќе има големи придобивки за оваа земја. Го поттикнуваме водството и избраните функционери на оваа земја да постапуваат во интерес на нивните граѓани и да постапуваат што е можнмо побрзо и да ги направат сите можни измени кои ќе овозможат отворање на пристапниот пат кон ЕУ“, изјави Агелер.

Advertisements

Американската амбасадорка порача дека „знаеме дека ова се тешки одлуки за оваа земја, граѓаните на оваа земја веќе имаат донесено многу тешки одлуки, но ние поддржуваме се што ќе ви овозможи придвижување на кон тој пат“.