Апелациски суд: „Таргет-Тврдина“ се враќа на почеток, имало суштествени повреди во постапката

Апелицискиот суд Скопје денеска преку соопштение информираше дека ја укинал првостепената пресуда за случајот „Таргет-Тврдина“ поради суштествени повреди на Законот за кривична постапка и неправилна примена на Крвичниот законик, со што претметот се враќа пред Основниот кривичен суд Скопје.

„Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-81/21, во јавноста познат како „Таргет- Тврдина“ , по одржана јавна седница, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите Г.Г од С., Т.Ј од О., Г.Ј. од С., Н.Б. од С., С.М.од С., Н.Н. од С. и В.В. од В., изјавени преку нивните бранители и по повод жалбите и по службена должност ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување, а жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е беспредметна“, се вели во соопштението од Апелацискиот суд.

Advertisements

Од таму наведуваат дека во постапката се повредени одредби од Законот за кривична постапка и неправилно се применувал Кривичниот законик.

„Апелациониот суд Скопје при разгледување на побивата пресуда констатираше дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил суштествени повреди на одредбите од Законот за кривичната постапка кои се од апсолутен карактер, а на кои овој суд внимава по службена должност, со што се доведе во прашање фактичката состојба и правилната примена на Кривичниот законик“, велат од Апелацискиот суд.

Истрагата за предметот „Тврдина“ беше отворена отворена во март 2016 година, а за предметот „Таргет“ девет месеци подоцна. Првиот предмет се однесува на уништување на опремата за прислушување, а вториот за незаконското прислушување, за подоцна двата предмети да бидат споени во еден „Тагет-Тврдина“.

Основниот кривичен суд Скопје на 26 февруари 2021 година изрече казна затвор од 55 години и 10 години условни казни, односно вкупно 65 години за 11 лица.

Поранештниот директор на УБК, Сашо Мијалков доби 12 години казна затвор, поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујовски и вработениот во МВР, Никола Бошковски добија казна затвор од по 15 година.

Гордана Јанкуловска, поранешната министерка за внатрешни работи доби четири години казна затвор, поранешниот шеф на Кабинет на Сашо Мијалков, Тони Јакимовски беше осуден на шест години. Поранешната началничка во МВР, Надица Николиќ доби казна од три години затвор. Останатите обвинети добија условни казни.

(Фото: МИА)