(ФОТО) Погледнете каков хаос остава власта на заминување – има ли одговорни на Клиниката за психијатрија?

На овие фотографии јасно се гледа негрижата и условите на Клиниката за психијатрија во моментите на заминување на одродената власт. Во вакви несоодветни услови се буквално фрлени и новите кревети на кој пациенти ќе треба да спијат, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на чиј фејсбук профил се објавени фотографии од хаосот оставен од власта во заминување.

„Тука,на Клиниката за психијатрија, оставени се лични работи на докторите и средниот медицински персонал без никакакво обезбедување,па така на првиот спрат може секој слободно да влезе преку тарасата, нема ниту врати, а заклучена е само канцеларијата на директорот. Негрижата за јавното здравство,кое денес е на маргините ја гледаме во секоја установа,на секое ниво и секој град.

Advertisements

Еклатантен пример е негрижата во инфраструктурата на Клинички центар, а сведоци сме дека како резултат на тоа повеќе од половина месец блокиран беше цел хируруршки блок, нешто што се случува првпат во историјата на државата.

Според проценките одложени се над 2000 интервенции, a пациенти дури и со малигни заболувања и други итни случаи не ја добиваат потребната здравствена услуга, а надлежните и денес немаат јасен план и мерки за ублажување на оваа состојба со листите на чекање за хируршки интервенции кои и пред оваа хаварија беа долги

Со еден збор,наместо да се решаваат ваквите реални проблеми во инфраструкрурата што требало да се надминат пред 3 години, поважно беше да има аплаузи и градење култ кон личности за чисто политиканство на сметка на неводење грижа за реалните потреби и приоритети.

Доаѓа крај на ваквото расипништво, а сите менаџери кои се огрешиле и не работеле согласно прописите на штета на пациентите ќе сносат одговорност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.