Македонските цариници заплениле над еден килограм златен накит во вредност од 4 милиони денари при влез на патник на граничниот премин Богородица, со што воедно е спречен обид за избегнување плаќање увозни давачки во висина од еден милион денари.
Царинската управа информира дека златото е откриено при личен претрес на еден патник кој се обидел накитот да го скрие во внатрешниот дел на панталоните и долната облека коишто ги носел на себе.
Advertisements
Истото било спакувано во четири ќеси во коишто имало 60 ланчиња, 13 прстени, 128 обетки и 48 нараквици.
Златото ќе биде предадено во Народна банка, а против патникот ќе биде поднесена кривична пријава.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Тројца лекари загинаа во страотна сообраќајка на патот Прилеп - Битола
„Покажавме дека може да се работи без скандали“ - Мицкоски задоволен од првите 100 дена, н...
Во гаснење на пожарот во Чаир вклучено е и специјално армиско возило
Финска на суд поради ограничување на цената за пренос на струјата
Граѓаните ќе може на референдум да одземаат градоначалнички мандат - Ѓорѓиевски најави зак...