Илинденска е ослободена од барикади – приватните превозници на зелена маса ќе си ги бараат парите

Приватните превозници ќе ги тргнат блокадите – Илинденска од вечерва е повторно проодна за граѓаните.

Тие ги повлекуваат автобусите за да го исполнат условот на премиерот Димитар Ковачевски и да остварат средба, на која инсистираат да има претставник од Град Скопје и од ЈСП.

Advertisements

Повлекувањето на автобусите од Илинденска, не значи и повлекување од она што им следува, велат тие.

Ленин Јовановски од „Слобода превоз“, најави дека за поднесените тужби, првото рочиште е закажано за 9. февруари.

„Сите автобуси што се на улицата ќе се повлечат за да му се даде простор на дијалогот кој го предлага и за нас е основа за средба на која, како што и самиот премиер Ковачевски спомена, ќе бидат презентирани сите аргументи, докази и факти за целата оваа состојба од која и нему и на пошироката јавност по тие средби ќе ѝ бидат пренесени во изворна форма на јавноста. Се прифаќа идејата ние како претставници на приватните превозници кои располагаме со таа документација, да ја презентираме на таа средба, прифаќаме и инсистираме на таа средба да има претставници и од Град Скопје, но и од ЈСП каде што пред него ќе ги соочиме аргументите со кои располагаат сите три страни“, изјави Јовановски.