Кој ќе лета од работа затоа што Мијалков не беше спроведен на „Титаник 2“

Управата за извршување санкции вели дека ќе спроведе вонреден инспекциски надзор во струшкиот затвор и ќе бара одговорност и санкции за сите направени пропусти поради кои денеска не беше спроведен во Скопје поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков на рочиште за случајот „Титаник 2“

„Во врска со постапката за спроведување на Сашо Мијалков од КПД Струга на повторено судење за случајот ,,Титаник 2” ве информираме дека Управата за извршување на санкции ќе ги преземе сите активности кои се во нејзина надлежност и ќе направи вонреден надзор во установата за утврдување на фактичката состојба. Ќе се утврдува одговорност и ќе бидат санкционирани сите кои направиле пропусти, намерни или ненамерни. За извршениот вонреден надзор, јавноста ќе биде дополнително информирана“, се вели во информацијата од Управата за извршување санкции за која е надлежно Министерството за правда.

Advertisements

Мијалков не беше спроведен на рочиште за судскиот предмет во кој е обвинет за изборни нерегуларности направени од позиција на директор на УБК за време на локалните избори во 2013 година.

Ваљон Ќура ,директорот на струшкиот затвор објасни дека станувало збор за техничка грешка на Основниот кривичен суд Скопје – биле наведени погрешни датуми во наредбата за спровод.