„Младите знаат дека бев и секогаш ќе бидам нивен сојузник“ – Пендаровски ги повика гостиварци да гласаат за европска иднина

Кандидатот за претседател поддржан од коалицијата предводена од СДСМ, Стево Пендаровски денеска во Гостивар оствари средба со членовите на локалниот клуб на социјалдемократската младина на Македонија.

На средбата со младите сопратијци, Пендаровски порача дека државата не треба да се враќа назад, туку да продолжи по патот на просперитет и развој.

Advertisements

– Потребно е да обезбедиме подобри услови за живот на сите. Ако сакаме младите да бидат двигатели на позитивните промени во општеството, мора да создадеме услови за нивен личен и професионален развој. Младите знаат дека бев и секогаш ќе бидам нивен сојузник и дека бројот 1 им гарантира просперитетна иднина дома, во татковина која ќе се развива по европски стандарди и вредности, рече Пендаровски.

Тој ги искористи средбите и уште еднаш од гостиварци побара да го поддржат во вториот круг на изборите на 8 мај