Утрово во 05.40 часот во Кочани, на магистралниот пат А-3 Делчево-Штип, кај место викано „Чифлички бунари“, дваесетгодишникот Т.А. од с.Уларци, кочанско, управувајќи патничко возило „фолксваген пасат“ со кочански регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот, информира МВР.
Во несреќата, возачот Т.А. се здобил со тешки телесни повреди, а неговиот сопатник Б.Н.(18) од истото село со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кочани.
Увид извршила екипа од Полициска станица Кочани.
Advertisements