2023-04-07
Денеска околу 18 часот во СВР Скопје пријавено е дека дошло до физичка пресметка во близина на поликлиника Бит Пазар во Скопје, јави порталот 4news.mk повикувајќи се на информации од МВР.
„Непосредно потоа од ГОБ Св.Наум Охридски е пријавено дека за лекарска помош се пренесени А.Б. (20) со повреда на десната рака од оружје, како и А.Б(23) со повреди од тврди предмети и 17-годишен малолетник со повреди од физички напад. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
© Глaголица, glagolica.mk, 2025, Услови за користење