Од компанијата Кромберг и Шуберт соопштија трагична вест: Нека почива во мир нашиот колега – Андреј имаше само 19 години

Голема трагедија ја потресе Битола откако 19-годишно момче вчера било пронајдено починато во стан во градот. Локалната јавност и колегите се во шок од прераното заминување на младиот битолчанец.

Емотивно простување од колегите

„Со голема тага ја примивме веста за заминувањето на нашиот колега А.Д. (19). Изразуваме искрено сочувство до неговото семејство и најблиските. Ќе го паметиме како добар човек и ценет колега. Нека почива во мир.“, соопштија попладнево од познатата компанија Кромберг & Шуберт Македонија.

Младото момче било пронајдено починато во стан во Битола

Вчера, во СВР Битола е пријавено дека во стан во Битола, без траги на насилство, е пронајден починат А.Д. (19) од Битола.

Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Битола, а јавниот обвинител наредил телото да се даде на обдукција за утврдување на причината за смртта.

Advertisements

Увидот на местото на настанот го извршила увидната екипа на СВР Битола, која прибрала потребни докази и направила записник за случајот.

На настанот во текот на истрагата биле присутни и претставници на јавниот обвинител и други релевантни служби за да се обезбеди целосна документација.