Пендаровски: Повторното актуелизирање на Берлинскиот процес е одлична вест

Повторното актуелизирање на Берлинскиот процес со нова програма за работа е одлична вест, порача претседателот Стево Пендаровски на панел дискусија на тема „Интензивирана соработка: Обновениот Берлински процес и иднината на регионалната соработка во Југоисточна Европа“, која во организација на Фондацијата Фридрих Еберт и во соработка со Амбсадата на Сојузна Република Германија се одржа денес во Скопје.

„Берлинскиот процес не е замена за полноправното членство во Европската Унија, туку, систем за поддршка и забрзување на интеграцијата, што е стратешка цел на сите шест држави од Западниот Балкан“, рече Пендаровски во своето обраќање.

Advertisements

Тој оцени дека може да се препознае ново пронајден интерес и ентузијазам, како на страната на Европската унија, така и на страната на Северна Македонија, за продолжување на патот кон полноправно членство во ЕУ.

„Регионалните иницијативи од овој тип, заради своите референтни точки од минатото и заради најновите планови кои беа презентирани пред два месеци, потврдуваат дека тоа е најбрзиот начин да ги собереме сите шест држави од Западен Блакан зад заедничката кауза, што побрза интеграција во Европската унија“, рече Пендаровски.

Претставникот од Регионалната канцеларија за младинска соработка Блажен Малески, истакна дека трансформациите кои се нужни и потребни во однос на задржување на планетата земја мора да бидат креирани заедно со младите на масата. Но, и да ги предвидат социо-економскиот предизвици поврзани со зелената трансформација врз младите.

„Како фондација навистина им е мило што германската влада е обединета во поддршката што ја дава кон берлинскиот процес и има цел да го заживее и е многу гласна кога станува збор за проширување на ЕУ“, рече во своето обраќање директорот на Фридрих Еберт Фондацијата (ФЕС) во Северна Македонија, Рене Шлее.