Полицијата го уапси возачот кој усмрти 11 годишно девојче во Велес

Од МВР информираат дека полицијата го лишила од слобода возачот кој минатиот петок ја усмртти 11 годишната велешанка и избега со голема брзина од местото на несреќата.

„Денеска (19.12.2022) во 11.30 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Велес во Велес го лишија од слобода А.Н.(29) од Велес, кој на 17.12.2022 околу 22.15 часот на ул.„Борис Трајковски“ во Велес со патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки удри во пешаците Е.И.(43) и нејзината малолетна ќерка, по што го напушти местото. Притоа, малолетното девојче почина на местото, а нејзината мајка се здоби со телесни повреди“, се вели во соопштението од МВР.

Advertisements

МВР посочува дека лицето е приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.