Премиерот Ковачевски уверува: Спречувањето на корупцијата е високо на владината агенда!

По повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата, се огласи на својот Фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски, каде изразува уверување дека спречувањето и сузбивањето на корупцијата е високо на владината агенда.

„Денеска кога го одбележуваме Меѓународниот ден за борба против корупцијата, праќам јасна порака, дека спречувањето и сузбивањето на корупцијата е високо на владината агенда.

Advertisements

Корупцијата е закана за функционирањетo на системот, владеењето на правото, за буџетот, за економскиот развој, за животниот стандард на граѓаните. Сите чинители подеднакво во рамките на своите ингеренции треба да дадат свој придонес во решавањето на ова крупно прашање.

Единствениот пристап и посветеноста е клучна, Владата има политичка волја да обезбеди почитување на правото и одговорно справување со криминалот и корупцијата преку унапредување и почитување на воспоставените механизми како што се независен буџет, изработка на законски решенија усогласени со ЕУ и неселективна борба против корупцијата.

Како земја која ги има отпочнато преговорите со ЕУ, сите ние мора да ги удвоиме напорите и да се посветиме на решавањето на проблемот со корупција, бидејќи никој не смее да биде над законот, а граѓаните заслужуваат да живеаат во демократско општество со европски вредности и функционирање“, пишува на својот Фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски.