Хрватските медиуми јавуваат дека пејачката Северина Вучковиќ ќе настапи во родниот Сплит за дочекот на новогодишната ноќ.
Таа за двочасовен настап ќе добие 50.000 евра, хонорар со пониска цена од онаа што ја добивала досега за своите настапи.
Веста ја потврди и хрватскиот естраден менаџер Ивица Бубало:
Advertisements
„Северина се согласи да настапи за половина цена од вообичаеното. Таа е на исто ниво со Дино Мерлин и Жељко Јоксимовиќ, па нејзината цена е најмалку 80.000 евра. Настапува во Сплит за 50.000 евра. Мислам дека е полн погодок, а неколку околни градови ги откажаа дочекот бидејќи очекуваат луѓе да дојдат на настапот на Северина во Сплит“, изјави за порталот 24сата Ивица Бубало.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Време е да се приземји во депонија: владиниот авион е старудија, ни потрошил 3,5 милиони е...
Уште шест дена до Винодонија 2024 – вкусете го најдоброто од винскиот свет!
Меѓународната заедница да ги заштити новинарите - Репортери без граници бараат истрага за ...
Хрватска: По 80 евра за сите пензионери пред Божик
Нема да има промени во евтината тарифа за струја до пролет