Дарко Каевски пратеникот од редовите на СДСМ кој играше видео игри за време на вчерашната седница на собраниската комисија додека на говорница зборува професорката Гордана Силјановска Давкова, во изјава за порталот Фактор вели дека ова прв пат му се случува.
„Јас сум еден од најредовните и најактивните пратеници, кој не отсустувал од ниту една пленарна седница, ниту комисиска дебата во Собранието. Но, кога на говорницата имате колега кој слушате дека кажува флоскули и празни реченици, можеби некогаш ќе посакате да го оттргнете вниманието од тоа. Ова прв пат ми се случува, во принцип внимателно ги следам дебатите што се одвиваат во законодавниот дом“, изјави Каевски за Фактор.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
17 години од кобната несреќа кај Блаце - Македонија изгуби единаесет војници, се враќаа од...
„Намерата не е чесна, предлогот е непристоен, фрустрации се во прашање“ - Сиљановска Давко...
Лидерот на СДСМ го осуди иредентизмот на Костадинов и повика ЕУ да излезе со јасна реакциј...
ИРЕДЕНТИСТИЧКИ ВЕТРИШТА ОД СОСЕДСТВОТО - „Македонија да се припои кон Бугарија“ бара бугар...
Левица ги повика градоначалникот на Кисела Вода и министерот за животна средина да излезат...
Ќе се забрза протокот на ГП „Богородица“, а ќе се обноват уште два премини