Имаат 6 сигурни опозициски пратеници, истражителите на САД се дојдени за уставните измени – Јакимовски во интервју за „Фокус“

Лидерот на ГРОМ и градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски, во интервју за новиот број на неделникот „Фокус“, вели дека една од целите на интензивните активности на меѓународната заедница во земјава е обезбедување на потребното двотретинско мнозинство за уставни измени, за што се потребни и гласовите од неколку пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

– Според моите сознанија од дипломатски извори, засега имале 6 сигурни пратеници, а им требаат 8. Кои се тие 6, не знам. Мојот инстинкт говори дека ова зачестено доаѓање на странски дипломати, гледате Штајнмаер колку беше среќен што е во Македонија, во Кавадарци, гледате доаѓаат истражители од САД, е во функција на уставните промени – вели Јакимовски за „Фокус“.

Advertisements