„Таргет- Тврдина“ и судијката во пензија на проверка во Судскиот совет

 Весна Дамева, новата претседателката на Судскиот совет најавува дека в понеделник во рамки на своите овластувања ќе испитаат како течела постапката со пресудата на Апелациот суд Скопје за предметот „Таргет – Тврдина” и дали во нејзиното донесување учествувал судија со истечен мандат.

„Со оглед дека вчера дознав од медиумите за конкретниот случај, во понеделник во рамки на моите овластувања веднаш ќе преземам дејствија, а Судскиот совет во рамките на своите законски надлежности ќе го испита конкретниот случај и за преземените дејствија и констатираната фактичка
состојба ќе бидете навремено известени. Укажувам дека Судскиот совет нема надлежност да преиспитува, односно да оценува судска одлука, но има надлежност да ја констатира состојбата за текот на постапката во смисла на ажурно постапување и дали одлуката била донесена од страна на судија на кој му престанал мандатот поради исполнување на услови за старосна пензија“, вели во писмената изјава Дамева.

Станува збор за судијката Лидија Чачева, како што објави порталот СДК ,една од петте судии кои ја донеле одлуката на Апелациониот суд Скопје за укинување на пресудата на Сашо Мијалков, Горан Грујевски, Никола Бошкоски, Гордана Јанкулоска и другите за масовното прислушување во предметот „Тврдина-Таргет“, е во пензија уште од седми декември, според објавата на одлуката на Судскиот совет од тој датум на официјалнот вебсајт.

Advertisements