Во вторник ќе се реализира уште еден лет од Дубаи за Скопје за евакуација на македонски граѓани

Досега се реализирани четири организирани летови за евакуација на наши граѓани од регионот на Блискиот Исток, со кои се превезени вкупно 458 патници Во вторник ќе се реализира уште еден лет од Дубаи за Скопје за евакуација на македонски граѓани што се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Од македонската амбасада во ОАЕ информираат дека се финализираат подготовките и деталите за реализација на овој лет.

Апелираат до македонските граѓани што имаат приоритетна и неопходна потреба од евакуација во најкус можен рок да се пријават во Амбасадата на РС Македонија во Абу Даби на телефон: +971 56 441 7532 и е-пошта: abudabi@mfa.gov.mk.

Досега се реализирани четири организирани летови за евакуација на наши граѓани од регионот на Блискиот Исток, со кои се превезени вкупно 458 патници.