Згрозен сум од пораките на Ахмети, не можам да го препознаам – Изет Меџити

Потпретседателот на ДУИ и еден од водачите на таканаречената Огнена група, Изет Меџити ги коментираше пораките од синоќешниот митинг во Чаир и во изјава за ТВ 24 тој вели дека е згрозен од пораките на Ахмети.

„И јас кој го познавам 20 години повеќе не можам да го препознаам“, рече Меџити.

Во телефонска изјава за Тв24 Меџити не прецизира дали двете групации на интегративците дошле до црвената линија, но признава дека има политичка поделба.

Advertisements

Тој вели дека ќе чекаат прво да видат дали ќе бидат исклучени, па потоа ќе размислуваат што понатаму.

Повикувајќи се на контакти , изјави, анкети, вели дека е убеден дека 90 отсто од членството размислувало како „огнените’ а и вчера на митингот немало чаирчани.