Николоски: Следува градежна експанзија во Прилеп

Општина Прилеп работи проектира обиколница на градот, откако ќе ја испроектира, Владата ќе преземе одговорност да ја финансира и да ја изгради, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Прилеп.

Тој со градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски изврши увид во реконструкцијата на Кеј 1. Мај.

Николоски најави силна подршка од Владата за Прилеп и за нови проекти за развој на градот.

– Овој проект за реконструкција на Кеј 1. Мај е подржан од Министерството за транспорт, во соработка со Светската банка. Ќе работиме уште два проекти во следниот период, еден е улицата 11 Октомври, вториот е генерално забавување на сообраќајот, имајќи превид дека безбедноста е пред сè. Се работат големи инфраструктурни проекти, дел се реализираат, дел се во постапка на тендерирање. Одиме со силна подршка на општината Прилеп, со цел да се завршат сите инфраструктурни проекти – рече Николоски.

Следниот период ќе видиме една градежна експанзија, додаде тој.

– Најважен проект е обиколницата на градот, тоа е едно наше ветување. Завршивме со експресниот пат Градско-Дреново-Фариш, а ќе работиме од Фариш до Прилеп. Се работи на автопатот од Прилеп до Битола. Така што, Прилеп е голем фокус, не заприраме. Како што гледате, многу време и енергија посветуваме за Прилеп и така ќе продолжиме во следниот период – истакна вицепремиерот Николоски.

Advertisements

Градоначалникот Проданоски најави забрзана реализација на почнатите проекти, а најави и нови проекти, нови паркинг-места, со цел локален економски развој и подобро урбано живеење за граѓаните