Нема сомнежи дека Русија планирала напади врз членки на НАТО

„Русија мора да ја прекине оваа бесмислена војна“ порача генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

Тој синоќа разговарал со полскиот претседател Анжеј Дуда и американскиот претседател Џо Бајден и се согласиле дека мора да останат мирни и одблиску да соработуваат, како и да ја следат ситуацијата.

Advertisements

– Нема индиции дека ракетниот напад врз полската територија е намерен напад од Русија и нема индиции ни дека Русија планира напади врз земјите членки на НАТО, изјави Столтенберг по состанокот во седиштето во Бисел на амбасадорите на НАТО по барање на членката на Алијансата, Полска.

Тој изјави дека истрагата се уште трае но дека нивните прелиминарни воени анализи покажуваат дека инцидентот најверојатно настанал кога укриански воздушен проектил бил истрелан од украинска територија за да пресретне руски проектил, со цел одбрана.