Психијатриски пациент со автомобил прегази пешаци на аеродром – неколку лица се повредени

Утринава се случи инцидент на аеродромот во Келн, Германија, кога маж намерно со автомобил удри во пешаци на паркинг.

Како што објавија германските медиуми, се работи за психијатриски пациент (57).

Според првите информации неколку лица се повредени.

Полицијата соопшти дека пешаците најмногу се здобиле со полесни повреди, пишува Билд.

„Сторителот постојано се движел околу паркингот, со изнајмено комбе удрил во неколку возила“, соопштија од полицијата.

При апсењето пружил отпор. Во инцидентот повредени се и двајца полицајци.

Напаѓачот бил пренесен во болница за да се утврди неговата психичка состојба.