Сите му симнуваа капа на Пеле, го чекаа како да е претседател на држава – се сеќава славниот Драган Џајиќ

Светот ја загуби една од најголемите историски спортски легенди – Пеле почина, изјави Драган Џајиќ, познатиот српски фудбалер за Телеграф и се присети, како што пишува порталот, на времето кога играше против Бразилецот.

– Многу ми е жал. Беше симбол на фудбалот и генерација, едноставно неприкосновена за сите. Многу луѓе му се восхитуваа и го почитуваа, тој беше и останува феномен. Пленеше на теренот, кога одеше во посета, во странство го чекаа како да е претседател на државата. Многу го ценев и така ќе остане засекогаш – изјави Џајиќ за Телеграф.

Advertisements

Тој вели дека на Пеле и други големи играчи од таа ера му симнувале капа.

– Да, се сеќавам, Рио во 1968 година. Дури и јас навистина сакав да го видам во живо. Сите таму, играчите од тоа време, сакаа да го видат. Јашин и другите така го гледаа, бидејќи навистина беше нешто посебно. Никогаш нема да ги заборавам тие моменти. На неговото збогување кога играше против Југославија плачеше цел стадион. Нему му нема рамен, за мене е најдобар играч на сите времиња, иако тоа е прашање на вкус. Недопирливост на теренот, јасна визија, сите други се плашеа од него. Тоа ќе остане врежано во меморијата и во историјата на светскиот фудбал, вели Џајиќ.