Србија го достави барањето за враќање на околу илјада војници и полицајци на Косово

На административниот премин Мердаре меѓу Косови и Србија, КФОР го прими барањето на Владата на Србија за враќање на сто до илјада припадници на српските безбедносни сили согласно резолуцијата 1244 на територијата на Косово и Метохија, објави РТС.

Владата на Србија синоќа донесе одлука дека во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН ќе испрати барање до КФОР за враќање до илјада српски безбедносни сили на територијата на Косово и Метохија.

Advertisements

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека одлуката е донесена едногласно, нагласувајќи дека тоа ќе доведе до намалување на тензиите. Сепак, тој истакна дека КФОР најверојатно нема да го прифати барањето на Србија.