Српските медиуми јавуваат дека е уапсена педесетгодишна жена која се грижела за кучињата кои до смрт го искасаа новинарот и аналитичар Владан Радосављевиќ.
Таа е уапсена поради сомнение дека сторила кривично дело против општата безбедност во врска со кривичното дело предизвикување јавна опасност од небрежност, јавува Блиц.
Наводно, станува збор за жена која повремено ги хранела кучињата кои во средата нападнаа и убија новинар во Велика Иванча.
Advertisements
Таа по наредба на Основното јавно обвинителство е уапсена од полицијата на Младеновац.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Асад со семејството е во Москва, Русија му даде азил на соборениот сириски претседател
Време е да се приземји во депонија: владиниот авион е старудија, ни потрошил 3,5 милиони е...
Зеленски и Украина сакаат да го запрат лудилото - Трамп повика на итен прекин на огнот и н...
Меѓународната заедница да ги заштити новинарите - Репортери без граници бараат истрага за ...
Хрватска: По 80 евра за сите пензионери пред Божик