(ВИДЕО) Министер заспа на ТВ во живо – се слуша и како ‘рчи

Романскиот министерот за земјоделство Петре Деа беше херој на урнебесен момент во емисија во живо на телевизијата Антена 3, јавуваат романските медиуми.

Тој бил контактиран од водителите на емисијата да биде вклучен во програма и да зборува за поскапувањето на храната, но додека чекал на телефон сигналот да оди во живо тој заспал. Кога водителката му се обратила и му дала збор од другата страна на воспоставената дирекна линија можеше да се слушне како министерот тешко дише, па дури и благо ‘рчи, што предизвика насмевки кај водителките.

ВИДЕОТО може да го погледнете тука.

За кратко време ова видео беше споделено и на социјалните мрежи.