(Видео) Слави Трифонов ја шокира бугарската јавност – објави навредлива песна за поранешната шефица на кабинетот на Петков

Слави Трифонов, лидерот на бугарската партија Има таков народ предизвика бура од реакции во тамошната јавност откако на Фејсбук објави песна и спот за Лена Бориславова, поранешната шефица на кабинетот на екс премиерот Кирил Петков.

Додека Петков и Бориславова работеа заедно имаше и афера дека се во љубовна врска, а беше објавена и видео снимка како влегуваат во стан.

Advertisements

Во песната младата политичарка е опеана, како гладна хиена, а има и друга навредлива содржина, па бугарските медиуми најавуваат дека ќе следи тужба од Бориславова чии политички настапи и прес конференции додека беше во кабинетот на Петков се содржани и во спотот на Трифонов.

„Драги шарлатани, не заборавајте дека во животот покрај лагите за „Капетан Андреево“ и за мафијашите има и хумор. Да се ​​смееме заедно“, пишува Слави Трифонов на Фејсбук.