(ВИДЕО)„ Срам да ви е госпоѓо премиерке“ – телохранителите на Мелони раскрварија пратеник во Албанија

Италијанскиот опозициски пратеник Рикардо Маџи од партијата „Пиу Европа“ се обиде да ја нападне премиерката Џорџа Мелони, по прес-конференцијата со премиерот Еди Рама, објавија албанските медиуми.

-Посетата на италијанската премиерка Мелони на прифатните центри за имигранти не помина како што се очекуваше. Се случи инцидент во кој е вмешан италијанскиот опозициски пратеник Рикардо Маџи, од партијата „Пиу Европа”, кој е раскрвавен по судирот со телохранителите на италијанската премиерка, наведува Ора њуз.

Advertisements

Медиумите додаваат дека Маџи континуирано го критикувал договорот меѓу Рим и Тирана за изградба на два кампа за прифаќање до 36 илјади имигранти годишно, во Шенѓин и Ѓадр.

И денеска додека повикувал против пактот Рама-Мелони, извикувајќи “италијанската политика е албанизирана” тој држел плаката на кој пишуваше: „Не за италијански Гвантанамо“.

-Еден час зборувавте без да одговорите на прашањето како ќе функционира овој центар. Водите кампања. Една милијарда за кампања. Вашите телохранители не ми дозволија да прашам ама затоа применија сила. Ако ова му се случи на пратеник, замислете што може да се случи со имигрант. Срам да ви е госпоѓо премиерке, биле зборовите со кои Маџи и се обратил на Мелони.

Италијанската премиерка и нејзиниот албански колега Еди Рама денеска ги посетија центрите за мигранти во Шенѓин и Ѓадр, што требаше да профункционираат на 20 минатиот месец. Денеска Мелони рече дека тоа ќе биде на први август.