Ковачевски поднесе оставка од функцијата генерален директор на ЕСМ

Васко Ковачевски си поднесе оставка од функцијата генерален директор на АД ЕСМ.

Тој денеска за Телевизија 24 потврди дека ја депонирал оставката до премиерот Димитар Ковачевски, а на негово место ќе дојде Васко Стефанов.

Повеќе детали се очекува да бидат соопштени на заедничката прес-конференција што е закажана за денеска во 13:30 часот во Владата.

Advertisements