Популарниот француски актер Винсент Касел најверојатно е на чекор пред развод пишуваат странските медиуми откако ненадејно Винсент ги избришал сите фотографии од својата млада сопруга Тина Кунаки од Инстаграм.
Винсент и Тина стапија во брак пред пет години.
56-годишниoт Касел и 30 години помладата убава манекенка се венчаа во 2018 година, две години откако почнаа да се забавуваат, а во април 2019 година ја добија ќерката Амазонија.
„Тие раскинаа пред неколку недели. Тина е со скршено срце”, рекол извор за Daily Mail.
Касел претходно редовно објавуваше заеднички фотографии со Тина, но сега и младата убавица не споделува ништо за својот сопруг на социјалните мрежи.
Тој дури и на Фејсбук објави фотографија на која е сам и кратко напиша: „Знаете кога е време“.