Сопругата на премиерот влегува во бизнис од 1 милион евра, а народот гладува – ВМРО-ДПМНЕ

„Бизнисот од кој Ковачевски тврдеше дека излегол, и го оставил на кумот, сега влегува неговата сопруга и сето тоа додека тој е премиер. Земјиштето кое Ковачевска го добил од Владата е последниот дел од сложувалката за дооформување на нејзината парцела и вадење на дозволи за градба. Како што пишуваа медиумите се работи за инвестиција на 1.8 мегаватна централа, чија изградба чини над 1 милион евра. Додека народот гладува, семејството на Ковачевски влегува во милионски бизниси. Затоа се потребни промени“, порача ВМРО-ДПМНЕ.