Молитва за трагично загинатите момчиња ќе се одржи во црквата „Св Архангел Михаил“ во Италија

Во црквата „Св. Архангел Михаил“ во италијанскиот регион Пиемонт утре вечер во 19 часот ќе се одржи молитва за трагично загинатите момчиња кои настрадаа во тешката сообраќајна незгода што се случи синоќа во италијанската провинција Асти, во градот Ница Монферато.

Како што соопшти МНР во страотната несреќа загинаа  З.С. – 33 години од Македонска Каменица, А.К. – 31 година од селото Саса, како и В.И. – 30 години од село Пекљани, Виничко.

Советот на Општина Македонска Каменица на вонредна седница едногласно донесе одлука да прогласи тридневна жалост во вторник, среда и четврток.