Јужнокорејската актерка и модел Јунг Чае-Јул е пронајдена мртва во својот дом. Таа имаше 26 години. Веста за нејзината смрт ја потврди нејзината агенција Менаџмент С.
„Мораме да ви ја кажеме тажната вест која ни го крши срцето. Чае-јул не напушти на 11 април“, изјавија за МК њуз. Причината за смртта се уште не е позната.“
Актерката се прослави со улогата во серијата Зомби детектив на Нетфликс и продукциите I Have Not Done My Best и Deep.
Таа требаше да глуми во долгоочекуваната корејска драма Wedding Impossible. Таа пред три дена на Инстаграм објави црно-бела фотографија на која се гледа како седи на подот со слушалки на ушите. Обожавателите се збогуваат со неа во коментарите под таа објава.
View this post on Instagram