Ковачевски не смее да биде премиер, се срамам од Маричиќ – остра реакција на професорката Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи објави остра реакција поврзана со договорот за коридорите 8 и 10-д со конзорциумот „Бехтел и Енка“ кој деновиве ја бранува и стручната јавност.

„Премиерот кој застанува зад договор кој е спротивен на Уставот и на законите не смее да биде премиер. Овој договор може да биде законски само ако се донесат закони специјално дизајнирани за него – што претставува атомска бомба за правото и правниот систем. Може да биде прогласен за уставен само од страна на партиски марионети поставени на местото на уставни судии – што не го прави уставен“, вели професорката Најчевска.

Таа претходно реагираше и на изјавите на вицепремиерот Бојан Маричиќ дека е нужно да се направат уставни измени со кои ќе се внесат Бугарите во македонскиот Устав.
Маричиќ, изјави дека „не мисли дека оваа измена на Уставот која е болна како што биле некои претходно“.

„Оваа измена е болна затоа што е бесмислена, затоа што се прави под притисок на држава која има очигледни територијални претензии врз Македонија, која не ги признава Македонците како посебна етничка група, која не ни го признава јазикот, културата, историјата, посебноста.

Advertisements

„Навистина ми е срам да кажам дека со овој човек заедно сум учествувала во организирањето на шарената револуција. Мислам не дека ми се допаѓаше и во тој момент, ама мислев дека има барем минимум доблест некаде скриен длабоко во него“, пишува Најчевска на Фејсбук.