„На Велигден сум се родила“, „Мито бекријо“, „Радувај се дома домаќине“, „Ајде Јано, да играме оро“, „Запеја сојка птица“ се само дел од легендарните песнии што ги отпеа Василија Радојчиќ.
Познатата пејачка зад себе имаше долга и успешна кариера во поранешна Југославија, а најголем дел од песните ги објави за Радио Белград.
Меѓутоа, во подоцнежните години доживеала голема неправда и била разочарана од колегите кои не ја поддржале да добие естрадна пензија.
„Ме повредија и колегите музичари, не добив естрадна пензија иако неколку пати поднесов барање. Кога се изгласа пензијата, јас и Цуне требаше да ја земеме први. Тој доби пензија, ме заобиколија иако ме сметаат за пејачка со најмногу снимени песни во библиотеката на Радио Белград. Снимив 60 антологиски песни за РТВ ПГП, ми ветија дека ќе објават троен албум, а потоа десетина мои песни ставија во некаков заеднички музички проект, кој сè уште не знам што претставува“, изјави Василија во едно од интервјуата за медиумите.
За нејзиниот приватен живот не се знае многу, но не е тајна дека најголемата љубов во животот и бил тапанарот Милан Ѓорѓевиќ, со кој долго време беше во брак и чија смрт тешко ја поднесе.
Својата пејачка кариера ја започнала во шеесеттите години на 20 век. Многу нејзини песни станаа хитови кои ги слушаат различни генерации. Висококвалитетните интерпретации и гласот полн со емоции привлекоа голем број обожаватели на овој вид музика во поранешна Југославија.
Таа почина на 76-годишна возраст и беше кремирана во Белград во 2011 година. Нејзината пепел е расфрлана во Градината на сеќавањето, која е дел од Новите гробишта.