Дочекавме судии да одговараат пред приправници! – лидерот на Левица го коментира изборот на Весна Дамева

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев на Фејсбук го коментира денешниот избор на новата претседателка на Судскиот совет Весна Дамева која доаѓа на функцијата по оставката на Павлина Црвенковска.

Изборот на Дамева која беше единствен кандидат и беше избрана со десет гласа, само еден беше против,  предизвикува бура од реакции пред се поради нејзиниот претходен ангажман.

– Судски службеник од Основен суд (стручен соработник на Кацарска) и член на Правната комисија на СДС – избрана за претседател на Судскиот совет кој ги бира судиите и пред кого тие одговараат дисциплински!?

Advertisements

Значи, да повториме: дочекавме судии да одговараат пред приправници! Браво за СДС на Нашата Земја кои и невозможното го прават возможно, коментира Апасиев.