Скопјанец со два ножа ѝ се заканувал на сопругата

На 13.04.2023 во 00:10 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода Х.Ш.(47) од Скопје.

Приведен е затоа што на 12.04.2023 околу 23:20 часот во домот упатувал закани со остар предмет кон неговата 40-годишна сопруга.

Од него биле одземени два ножа и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Advertisements