Светот на модата ја изгуби жената со уникатна креативност – беше кралица на мини фустаните

Ја нарекува кралица на мини здолништето, беше препознатлива по својата уникатна креативност -модната дизајнерка Мери Квант која го воведе мини здолниште во женската гардероба во 1960-тите, почина на 93-годишна возраст, соопшти нејзиното семејство.

Таа почина „утрово, мирно, дома во Сари (област недалеку од Лондон) во Велика Британија“, се наведува во изјавата на семејството за агенцијата PA.

Александра Шулман, поранешна уредничка на магазинот „Вог“, се прости од Квант на социјалните мрежи, наведувајќи дека е „лидер на модата и женското претприемништво“.

Advertisements

„Како визионер, таа беше многу повеќе од одлична фризура“, вели Шулман.

Венеса Фридман, модна уредничка на Њујорк тајмс, исто така се прости од дизајнерката на Твитер:
„Мери Квант, жената која ја ослободи женската нога – ѝ должиме“.

Квант беше една од највлијателните личности на модната сцена во шеесетите години, кога со своите елегантни, модерни и колоритни дизајни ја направи модата подостапна за секого.

Нејзиното семејство ја нарекува „една од меѓународно најпознатите модни дизајнери на 20 век“ и „исклучителна иноваторка“.