Како утврдиле дека синот на Буши не возел кога возилото не било сопрено?! – Милошоски со зачудувачки факти

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на Фејсбук постави прашање поврзано со аферата која го тресе МВР деновиве, на кое можеби ќе се бара одговор и на седница за пратенички прашања.

„И Ковачевски тврди дека син на заменикот на МВР не управувал возило со службени флешери, но како ли утврдиле дека К.Буши не бил возач кога возилото не е сопрено и допрва ќе го повикуваат сопственикот да даде исказ ?!, прашува Милошоски.

Претходно првиот човек на МВР Оливер Спасовски категорично изјави дека не може да има недопирливи кога е во прашање спроведувањето на законите.

Advertisements

– Зошто политичарите би биле попривилегирани во однос на други? Меѓутоа не можеме да правиме нешто кое не се базира на реални податоци, изјави Спасовски за случајот со синот на заменик-министерот во МВР, Назим Буши, кој наводно управувал автомобил со „флешери“ и бегал од полицијата.