Серијата „Сулејман Величествениот“ своевремено освои многу гледачи и стана хит и кај нас, а луѓето брзо се врзаа за главните ликови на оваа продукција.
Еден од главните ликови беше Султанија Хурем, која првично ја глумеше Мерјем Узерли, а откако ја напушти серијата, на нејзино место дојде Фахиде Перчин.
Освен во оваа продукција, Вахиде имавме можност да ја видиме и во улогата на Зехра во серијата „Се викаше Фериха“.
Вахиде е родена на 13 јули 1965 година во градот Каршијака, а денес е многу почитувана актерка во Турција.
Покрај глумењето во бројни филмови и серии, како и во театар, таа води и актерска академија со нејзиниот поранешен сопруг Алтан Гордум. Вахиде до 2013 година беше позната под презимето Гордум, а потоа се разведе од Алтан и почна да го користи своето моминско презиме.
Во 2011 година, актерката се соочи со опасната болест – рак на дојка, за која не сака да зборува во јавноста.
Потоа направи пауза во кариерата, но многу брзо по закрепнувањето се врати на сцената.
Во 2020 година Вахиде беше фотографирана со својот поранешен сопруг на прошетка, а многумина беа изненадени од нејзиниот изглед. Актерката ја скрати косата и беше речиси непрепознатлива, а луѓето се загрижени дека болеста можеби и се вратила.
Сепак, таа го демантираше ова и рече дека засега се е во ред со нејзиното здравје.