(ВИДЕО) Ковачевски бои зелени јајца, а граѓаните му порачаа – премиере се вапцаат црвени, за Велигден бараш зелена енергија?!

Премиерот Димитар Ковачевски сними видео во пресрет на Велигден со кое им гo честита најголемиот христијански празник на македонските граѓани, а честитката ја поврза со обновливи извори на енергија и ветерници.

Дел од граѓаните возвратија на честитката од премиерот, а дел го искритикуваа видеото.

„Црвени јајца се вапцуваат, а не зелени, за Велигден бараш зелена енергија“

Advertisements

„Не „боиме” туку вапцаме. Се валкаат во црвена боја која ја симболизира крвта Христова“.

„Кој ќе поверува на ваков филм, за Оскар си премиере!“

„Зелена енергија за вашите зелени глави во Владата“

„Засрамете се. Симболиката на велигденското ЦРВЕНО јајце симболизира само ЕДНО НЕШТО.“…коментираа граѓаните на велигденската честитка од премиерот.