(ФОТО) Мој хуман народе, ви се поклонувам, Никола не е сам – Стефковски се заблагодари за поддршката на младото момче

Моја хумана Гази Баба, мој хуман народе, ви се поклонувам. Горд и среќен сум што имам чест да бидам градоначалник на еден ваков хуман народ. Повеќе од 2.000 луѓе присуствуваа на хуманитарниот концерт за собирање на средствата за лекувањето на нашиот Никола, им се заблагодари градоначалникот Бобан Стефковски на граѓаните кои вечерва дојдоа да го поддржат лекувањето на младото момче кое боелдува од карцином во болница во Турција.

„Никола на првата наша средба ти кажав дека во оваа борба не си сам, мојата поддршка ја имаше, ја имаш и ќе ја имаш се до завршување на оваа борба од која ти ќе излезеш како победник!
Пред мојот народ давам збор дека по завршување на лекувањето на Никола, Општина Гази Баба ќе организира уште поголем концерт за целиот народ и заедно со Никола ќе го славиме успехот.
Хуман народе ВИ БЛАГОДАРАМ!“, вели Стефковски.